Што е всушност ФЕИТ Код?
Колку пати сте чекале да ги дознаете резултатите од испит? Компјутерот на кој работевте престанува да работи како што треба и го губите напишаниот код? Целиот процес е долг и стресен, нели?
ФЕИТ Код се труди да ги поправи сите овие проблеми за вас... Целта е да ги направиме испитите по програмирање полесни и за Студентите и за Професорите.
Звучи интересно, но како може ФЕИТ КОД да
ми помогне мене?
Добро прашање. Сѐ зависи дали си Студент или Професор, кое од нив си ти?
Океј, ме купи. Ама како работи сѐ ова?
- 1
Регистрирај се на курс
Избери од листа од предмети по програмирање и регистрирај се за истиот
- 2
Полагај го испитот
Полагај ги сите испити во развојната околина на ФЕИТ Код, исто како да си во твојата локална развојна околина!
- 3
Добиј брз фидбек
Изврши го кодот во развојната околина и види кои тестови ги поминува.
- 4
Заврши и следи го статусот
Следи го статусот на твојот испит и биди известен кога твојата задача се прегледува.
Поддржани програмски јазици
ФЕИТ Код поддржува разни програмски јазици, давајќи им поголема флексибилност на Студентите и Професорите

👋 Здраво на сите, јас сум Даниел
Основач на ФЕИТ Код
Web Developer @ TestDevLab
Обожавател на лоши puns
Сакам да создавам кул нешта со помош на код
Дали се тоа игри, убави веб-страници или брзи веб-апликации, ги креирам и се трудам да го направам целиот процес забавен за мене.
Исто така предавам JavaScript и Computer Science курсеви, ѕирнете ги ако сте заинтересирани!